• Бул. Јане Сандански 86/1-20, 1000 Скопје
  • +389 2 2450 397
  • evrotim@evrotim.mk
Производител: MEDICON eG
MEDICON eG

MEDICON eG  е компанија основана во 1941-та година, преку интеграција на 6 компании кои специјализираат во областа на производство на хируршки инструменти. Моментално во MEDICON се произведуваат над 30 000 производи во 11 фабрики на MEDICON кои се наоѓаат во Тутлинген регионот каде што акцентот е ставен на традиционалните вредности. Компанијата заедно со своите ограноци брои над 400 вработени.

Високо квалитетните MEDICON производи се продаваат  во над 120 земји низ светот. Како компанија која што е сертифицирана во согласност со европските стандарди ЕН ИСО 13485:/AC 2012 и MDD 93/42 EEC, MEDICON eG гарантира висок квалитет во поглед на дизајн, развој и производство во сите фази на производствениот процес. Врвен приоритет е квалитетот во сите секции на компанијата.

Постојаниот близок контакт со крајните корисници низ светот, ни носи искуство во оптимизацијата на ефикасноста на постојните инструменти и ни помага да развиеме иновативни производи за нови хируршки инструменти.

Производствените процеси со висока технологија, користењето на центри за контрола на производството, како и експертизата на специјалисти се гаранција за константен квалитет и висок стандард на создадените производи.

· MEDICON има добро организиран виртуелен магацин каде што можете да ги погледнете сите производи

· MEDICON организира тренинг програми во континуитет, како и семинари за своите клиенти.

· MEDICON ви препорачува посебно дизајнирани програми коиј содржат ЦД-а и видеа за континуирано обучување.

· MEDICON Компанијата е во постојан контакт со сите свои клиенти, благодарение на нејзините специјализирани дистрибутери низ целиот свет.

· MEDICON овозможува семинари и презентации низ целиот свет при учество на конгреси и саеми за медицина низ целиот свет

· MEDICON производите се сервисираат и заменуваат само од специјализирааниот дистрибутер.

· MEDICON нуди сервис, одговорност, флексибилност, брзина.

· MEDICON нуди 10 годишна гаранција за сите повеќекратни инструменти доколку се појават дефекти во материјалот од кој се изработени инструментите или во техниката на нивната производствена процедура.

· MEDICON нуди следење на инструментарски сетови за болници од страна на медицински лица и сервисен персонал.