• Бул. Јане Сандански 86/1-20, 1000 Скопје
  • +389 2 2450 397
  • evrotim@evrotim.mk
Производител: SENGEWALD
SENGEWALD

SENGEWALD е компанија основана во 1979-та година како дополнителен огранок на Sengewald Verpackungen GmbH во Halle, Westphalia.

Компанијата ја започнува својата работа во полето на медицината со производство и дистрибуција на хируршки кецели за операциони процедури како и посебни пакувања специјално наменети за производители на медицинска опрема.

Целта на компанијата секогаш била иновација и автоматизација, но секогаш да се задржи врвниот квалитет. Со цел да се прошират на пазарот, компанијата го откупува во 2002 година, произведителот на опрема MSP Schmeiser GmbH, стациониран во Horb am Neckar, Baden Wuerttemberg. Во 2005-та година Sengewald станува дополнителен огранок на компанијата Pregis Corporation, USA, која е една од водечките светски лидери за специјално пакување. Во 2006-та година присвојувањето на Texsan Medical во Бугарија е комплетирано и со тоа се отвори пристапот на Sengewald кон поефикасно производство на територијата на Европа.

Sengewald Klinikprodukte GmbH отсекогаш била иновативна компанија. Во последните 30 години го постави стандардот на пазарот за автоматизација, со што станаа првата компанија во светот со целосно автоматизирани машини за производство на производи како што се Mayo покривка за маса, покривки за екстремитети и мали чаршави. Сите тие продукти се во согласност со последните стандарди за производство на медицински производи, како што е стандардот ISO 13485.

Sengewald производството се одвива под строго контролирани хигиенски услови, по кои самата компанија е препознатлива. За да се одржи овој стандард, самата компанија има сопствен оддел за контрола на квалитет на производите како и создавање на посебни процеси за подобрување доколку е тоа потребно. Како член на Европската Работна Група (European Working Group) компанијата допринесува во одржување на фокусот на високиот квалитет како и подобрувањето на перформансот во операционата сала. Работејќи во тим, R&D групата е во близок контакт со медицинската индустрија, за да се обезбеди секогаш првото место во медицинската иновативна индустрија.

Конечно, сервисот за клиенти секогаш е фокусиран на одржување на високи стандарди за квалитет за сите потреби на нашите интернационални клиенти.