• Бул. Јане Сандански 86/1-20, 1000 Скопје
  • +389 2 2450 397
  • evrotim@evrotim.mk
Производител: ASSUT MEDICAL Sarl
ASSUT MEDICAL Sarl

Assut Medical Sarl е број еден произведувач и иноватор на стерилни хируршки конци и медицински ножеви во сферата на медицината. Заедно со уште само неколку фирми низ светот,  Assut Medical Sarl компанијата е производител на сопствени атрауматични хируршки игли со сопствена опрема. Иновативниот дизајн и ефикасност на производите произлегуваат од повеќегодишно искуство и истражување  во медицината. Како додаток на големиот избор на игли и хируршки конци, во 1998-та година за прв пат се произведени и иновативните микрохируршки ножеви.

Фабриката за производство на Assut Medical е сместена во Швајцарија и со тоа се продолжува традицијата на иновативни и квалитетни инструменти. Придонес за ова имаат машините со висока технологија кои оваа компанија ги користи од 2010-та година како иновација која е дизајнирана и изградена од самата компанија, како и обучениот персонал и надворешните технички консултанти. Како резултат на тоа Assut конците се со највисок квалитет, дизајнирани и произведени за сите хируршки области, од најфината игла и USP величина на конец до најголемата ретенциона игла и најширока USP величина.

Компанијата е во пресрет на најмодерните хируршки потреби, без разлика дали станува збор за абсорбирачки природни или синтетички конци, како и неабсорбирачки конци. Нивниот асортиман дозволува да бидат секогаш чекор понапред и алтернатива за нивната конкуренција. Assut хируршките конци кои се за еднократна употреба се специјално дизајнирани за офталмолошката хирургија.